25 септември, 2017

Радио

Секој од нас по сите испробани режими и програми за вежбање, се прашува: Постои ли една вежба која сигурно без неуспех ќе ги обликува стомачните совршени?

За среќа постои позитивен одговор на ова прашање.

Мари Винзор, водачот на пилатес движењето и основачот на студиото Винзор Пилатес, објаснува дека постои токму една вежба која со сигурност ќе ги стопи мастите од стомачниот предел.

„Наизменичните стомачни се одлична вежба бидејќи ги активира сите стомачни мускули“ – вели Винзор.

Како се прави вежбата?

Погрижете се за неколку основни правила пред да легнете на подот. Подгответе се што е можно повеќе да го извртувате телото.

1. Легнете рамно на подот и останете извесен период така за да го опуштите р’бетот.

2. Ставете ги рацете на глава, држејќи ги една зад друга или со прекрстени прсти. Нека бидат потполно исправени и отворени.

3. Подигнете ги нозете во агол од 90 степени.

4. Десната нога подигнете ја кон градите, исправајќи ја левата нога. Истовремено извртете го горниот дел од телото кон вашата десна страна. Вашата десна нога и лева рака треба да се допрат.

5. Сега сменете ја страната. Левата нога со десната рака треба да се допрат.

6. Повторувајте ја вежбата по 5 пати на секоја страна.

Остави коментар

Почетна // Спорт // Совршени стомачни со само 1 вежба
Горе