Дали се спрема нова кралска венчавка?

13 декември, 20160
4

Во Англија сé повеќе се зборува дека може да дојде до уште едно кралско венчавање, откако принцот Хари се впушти во врска со американската глумица Меган Маркл.

Многу зборуваат дека новата кралска веридба ќе биде објавена до крај на годината, а колумнист на Гардијан тврди дека дури и самата кралица Елизабета би можела да ја објави таа вест во своето годишно телевизиско обраќање.

Некои званичници тврдат дека кралицата веќе го дала својот благослов на оваа двојка. Меган престојуваше во Кенсингтон палатата за време на својот престој во Лондон.

Британските трговци ќе заработат најмногу, доколку дојде до ова венчавање. Од свадбата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам тие заработија околу 620 милиони евра.
Да се потсетиме, врската на принцот хари и Меган Маркл беше објавена во подолгото известување од Кенсингтон палатата кога воедно беше осудено и константното напаѓање на приватниот и деловен живот на глумицата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *