Германски министер ќе забрани вегетаријански „шницли“

30 декември, 20160
7

Германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит најави дека ќе ги забрани месните називи за вегетаријанските јадења, бидејќи купувачите ги доведуваат во заблуда.

Германските ресторани се обидуваат да ги привлечат вегетаријанците со јадења што ги нарекуваат вегетаријански шницли, вегански колбасици или кебапи од тофу.

„Не сакам да се преправаме дека тие псевдомесни јадења се месни“, рече Шмит за Билд.

„таквите називи ги збунуваат потрошувачите и ги доведуваат во заблуда“, појасни Шмит.

Германија е земја позната по љубовта кон колбасиците и месните јадења, но има и висок процент на вегетаријанци, а вегетаријанските јадења се нов тренд во рестораните.

Министерот со оваа изјава го поддржува барањето на германскиот сојуз на месари кои веќе побараа забрана на таквите називи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi