Република Гвинеја: Раскошна убавина во срцето на Африка

31 октомври, 20160
0000 copy copy

Замислете дека патувате на рамен автопат, а потоа сте во искушение да свртите на едно мало, прашнаво исклучување кои води на нерамен терен, каде што изненадувачка убавина и пејсажи кои те оставаат без здив ја дефинираат трасата. Гвинеја е токму тоа исклучување – тоа е земја благословена со прекрасни предели; од планинската рамнина Fouta Djalon на широките Sahelian полиња и густи шуми. Гвинеја, официјално Република Гвинеја е земја на западниот брег на Африка, со популација од 10.5 милиони жители.

Љубителите на природата тука ја имаат можноста да се изгубат на долги патеки минувајќи крај големи водопади, издигнати ридови и мали села; или да следат слонови низ прекрасните дождовни шуми. Додека Гвинеја не е позната по своите плажи, оние што ги има се прекрасни, и често, скриени.

Како долгогодишен пријател на Република Македонија и една од 133те земји кои ја признаваат под своето Уставно име, Република Гвинеја свечено го отвори своето конзуларно претставништво во центарот на Скопје на 27 март 2014 година, и оттогаш има организирано многубројни активности. Од утре, 1ви ноември, започнува одбележувањето на Неделата на Нацијата и Граѓанството, кое трае до 7ми ноември 2016.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *