Некогаш успешна манекенка, а денес дрогата ја направи непрепознатлива!

30 мај, 20160
8
Џејел Страус учествувала во реалното шоу „America’s Next Top Model” кој го води Тајра Бенкс, а потоа сосема пропаднала.


Откако испаднала од споменатото натпреварување, Џејел се навлекла на дрога, поточно на мет и завршила како бездомник. Продуцентите на емисијата „Dr. Fil“ одлучиле да ѝ помогнат. Тогаш, во 2012 година, тие ја пронашле на улица, навлечена на дрога.

„Таа била целосен зависник од кристален мет, бездомничка која се соблекувала за пари“, изјавиле извори блиски до продукцијата.


Страус за време на реалното шоу “America’s Next Top Model” дознала дека еден нејзин пријател починал од прекумерна доза и тогаш започнала нејзината зависност.


Нејзиното семејство рекло дека дрогата ја уништила Џејел и физички и психички, со тек на време нејзините заби се расипале, а нејзината кожа била прекриена со црвени печати.


После „интервенцијата“ на доктор Фил и нејзиното семејство, Џејел наводно се ослободила од оваа уништувачка навика и сега е чиста веќе некое време, но оние кои ја паметат како убавица и понатаму ја прозиваат на социјалните мрежи поради нејзиниот изглед и ѝ префрлуваат дека сè уште е наркоманка, иако таа го порекнува тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi