Запознајте ја живата „Заспана Убавица“ која не се разбудила 6 месеци

27 декември, 20160
19

Млада жена во Британија е жртва на загадочна болест која ја лишила од нејзините будни часови
На 22 години, Бет Гудиер од Чешајр, Британија, требала да заврши факултет и да почне тренинг како детски психолог. Нејзиниот одличен академски успех предвидувал сјајна иднина.
Но, пред пет години, близу до нејзиниот 17-ти роденден, Бет ненадејно заспала и не се разбудила точно шест месеци. Младата тинејџерка спиела по 22 часа на ден, будејќи се само во поспан транс да јаде малку храна, да пие и да оди во тоалет.
Во изминатите пет години, мајката на Бет, Џанин, изјавила за Daily Mail дека ќерка и спиела 75 проценти од времето.
Младата жена е една од ретките луѓе во светот кои се дијагностицирани со синдромот Клајне-Левин (КЛС), популарно познат како синдром на Заспана Убавица. Но, за разлика од убавицата од истоимената бајка, приказната на Бет е далеку од убава.
Моментално, Бет е веќе два и половина месеци во друга епизода на спиење. Ништо – ниту лекови, гласни звуци или молење – не може да ја разбуди. Таа го поминува нејзиниот живот заспана на софа или кревет. Во ретките прилики кога таа го напушта својот дом да отиде на доктор, ја туркаат во количка бидејќи е премногу уморна да оди. „Тоа е како да се денот и ноќта едно,“ вели нејзината мајка. „Таа можеби ќе се разбуди утре, ќе се види со нејзините пријатели и ќе си ја среди косата. Но, никој незнае кога ќе заспие таа повторно.“
„Како некој да го ставил мојот живот на пауза. Имав среќа што бев будна за мојот 18-ти роденден и досега имам пропуштено само еден Божиќ,“ изјави Бет во претходно интервју за The Mirror. „Но, имам пропуштено толку многу родендени, што веќе не можам да ги бројам. Можеби ова им звучи тривијално на други луѓе, но ова се навистина важни настани во текот на растењето.“
Синдромот на Заспана Убавица е ретка невролошка состојба која најчесто напаѓа тинејџери – просечната возраст кога се појавува е 16 години – и трае околу 13 години. Таа ја уништува надежта на младите луѓе дека ќе положуваат испити, дека ќе одат на факултет или дека ќе имаат кариера.

The real sleeping beauty

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi