Мет Дејмон со сопругата на премиерата на „Jason Bourne“ во Лондон
12 јули, 20160
Синоќа се одржа премиерата на филмот „Jason Bourne“ во Лондон.
Главниот херој, Мет Дејмон, беше придружуван од својата сопруга, која привлече огромно внимание кај присутните фоторепортери. 40-годишната Лусијана Баросо шармираше облечена во долг магента фустан со висок шлиц и златни сандали од Jimmy Choo.
На црвениот тепих, 45-годишниот актер позираше и со своите колешки од филмот, Алисија Викандер и Џулија Стајлс. За настанот, Викандер избра сребрена креација од Louis Vuitton, додека Стајлс носеше фустан од Rubin Singer.
Филмот ќе започне да се прикажува во кината на 29 јули.