Цеца се запали за Македонецот: “Ауу каков си, сите девојки се твои”
30 јуни, 20160
Македонецот Мите Стоилков победи во Ѕвездите на Пинк, а покрај него се натпреваруваше уште еден Македонец кој стигна до големото финале, Адам Лабунски. Иако не дојде во првите топ 3, едно е сигурно, ја запали Цеца.
– Ауу каков си! Па ти ги запали сите девојки тука. Мене ми личиш на најсексапилниот гроф Дракула. Со тој став и облека ти мене ми зрачиш од заводливост. Биди сигурен дека сите девојки се твои, му рече Цеца на Адам.
Сепак, честитики и за Адам што стигна до големото финале.