Џеј Ло и Дрејк во врска?!

29 декември, 20160
9

Веќе со недели се шушка дека нешто се случува помеѓу Дрејк и Џенифер Лопез! 47-годишната Џеј Ло неколку пати на Инстаграм објави заеднички фотографии со 30-годишниот Дрејк, но последната објавена фотка ги потврди сите сомнежи – романсата е вистинска!

Да биде ситуацијата уште поинтересна, по објавувањето на оваа фотографија, бившата девојка на Дрејк, Ријана, веднаш ја избриша Џеј Ло од Инстаграм!

Досега се веруваше дека Ријана и латино-дивата Џенифер се во добри односи, па дури и пред неколку месеци Рири ѝ испрати на Џеј Ло подарок-чизми од Маноло Бланик со пораката: “Сигурна сум дека ќе ги носиш подобро од мене”. Рири сигурно не ни помисли дека набрзо Џенифер и во друго нешто ќе излезе подобра од неа!

Оваа фотографија доби преку 490.000 лајкови на Инстаграм, а поголемиот дел од коментарите на шокираните обожаватели беа дека разликата во години е преголема. Изгледа дека забораваат дека бившото момче на Џенифер, Каспер Смарт, има само 29 години!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi