Џенифер Лопез се прошета низ улиците на Мајами со кежуал стајлинг

29 ноември, 20160
9

Џенифер Лопез се прошета со синот Макс низ улиците на Мајами. Поп-дивата му подари на својот 8-годишен син коцки „лего“. Лопез изгледаше зачудувачки, со тониран тен и интересна тоалета, пишува „Дејли мејл“.

Четириесет и седумгодишната ѕвезда беше со бел комбинезон со длабоко деколте и чанта во иста нијанса. Ја имаше косата врзано во коњско опавче, а очите и’ беа скриени зад темни очила за сонце.

Карактеристичните за латино-ѕвездата огромни обетки беа со двојни златни рамки. Нејзиниот син беше сосема обично облечен со маичка, шорцеви, апостолки и безбол-капа.

Иако сега се релаксира со своето дете, Џеј Ло се подготвува за обврски од следниот месец. Џенифер е поставена да продолжи на репертоарот во Вегас од 9 декември.

Деновиве околу убавицата се проговори дека бакнежот со поранешниот нејзин сопруг Марк Ентони станал причина тој да се раздели со оваа сопруга – 28-годишната Венецуелка Шенон де Лима, со која има 2-годишен брак.

Компромитирачкиот бакнеж се случи за време на наградите „Греми”, на чија сцена излегоа Џеј Ло и Ентони.

Според менаџерот на Ло, таа и поранешниот нејзин партнер не се заедно, иако неколку пати се забележани во заедничко друштво оваа година.

Причината за тоа била заедничката работа. Во летото Лопез се раздели и со своето момче Каспер Смарт. За Марк Ентони таа беше мажена од 2004 до 2014 година и имаат две деца – близнаците Ема и Макс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *