Карлеуша доби подарок вреден 200.000 евра од својот сопруг!
30 јуни, 20160
Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ вчера прославија годишнина од брак, а по тој повод фудбалерот ја изненади пејачката со феноменален подарок.
И додека другите сопрузи купуваат цвеќе и чоколади, фудбалерот се реши за автомобил.
Тошиќ, кој игра за Бешикташ, ја изненади сопругата Јелена со најнов Мерцедес SLS roudster, кој чини неверојатни 208.000 долари.
Пејачката беше воодушевена од подарокот и со фотографија се пофали на социјалните мрежи.