Мараја Кери доби корпа: Премногу е „скапа“ за брак

29 октомври, 20160
4

Сите знаеме дека Мараја Кери се однесува како дива и постојано потенцира дека живее на висока нога. Сепак, ваквото расипничко однесување му дојде преку глава на нејзиниот свршеник Џејмс Пакер, кој ја откачи зошто многу троши.

Пакер, можеби е милијардер, но и покрај тоа не планира да фрла милиони на каприциозната Мараја.

-Џејмс беше мошне резервиран во однос на новото шоу на Мараја, како и во однос на тоа што таа сака да го открие својот приватен живот пред светот, открива интерен извор.

Кери можеби ќе остане без свршеник, но не се откажува од своето вереничко прстенче од 10 милиони долари. На крајот на краиштата, дијамантите се вечни, за разлика од мажите, а никој не го знае тоа подобро од оваа пејачка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *