Северина му порача на Игор: „Оди најди си работа!“

26 септември, 20160
4

Северина Којиќ секојдневно на социјалните мрежи објавува фотографии и статуси со кои покажува дека ужива во бракот со синот на Кеба. Но не е се така сјајно во нивниот брак.

Имено, Северина му се налутила на спортскиот менаџер на Игор зошто тој немал постојана работа, туку живеел на нејзина сметка.

-На Северина и пречи тоа што Игор во последно време е невработен, додека таа има бројни настапи и финансиски е целосно самостојна. Сака и нејзиниот маж да заработува за живот. Посебно ја нервира тоа што многумина зборуваат дека Игор добро се оженил и дека поради тоа не мора ништо да работи. Северина на сите сака да им покаже дека и нејзиниот маж е исто така корисен и поради тоа од него бара итно да најде работа, вели изворот.

Тој додава дека и на мајката на Северина и пречи тоа што зетот и е без работа.

-Откако се омажи Севе, мајка и ја советуваше да не прави од мажот папучар, туку способен маж. Секако малку и префрла тоа што Игор не работи ништо и што единствено занимање му е тоа што е маж на Северина! Таа не сака нејзиниот зет да биде бебиситерка додека ќерка и пее. Ана многу го сака синот на Кеба, смета дека е квалитетно момче, но му фали работа. Северина одлично заработува и можат двајцата да живеат добро од нејзините настапи, но од друга страна му порачала дека е крајно време да си најде работа, вели овој извор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *