Тој е новата Пинкова Ѕвезда: Мите си ја отвори душата по победата!

30 јуни, 2016
2

Не можам да поверувам дека го освоив првото место. Сите бевме одлични, конкуренцијата беше силна, верувајте ми во шок сум, не можам да се освестам. Ова го изјави Мите Стоилков, македонскиот победник на „Пинкови Ѕвезди” во интервју за Пинк.рс.

– Мислев дека Јелена ќе победи, таа е одличен вокал, навистина од почетокот навивав за неа. Иако ми беше конкуренција од првиот круг навивав за неа. Драго ми е што двајцата останавме до крај, вели Мите за својата конкурентка Јелена Џуриќ која заврши второпласирана.

На големото финале во вторникот конкуренцијата навистина беше силна, а со оглед на тоа колку добри вокали се и Мите и Јелена, борбата беше неизвесна до крај.

– Навистина уште не можам да верувам. Најмногу ми значеше поддршката од семејството и пријателите, како и оние пријатели кои ги стекнав за време на натпреварувањето. Фала на сите кои гласаа за мене, вели Стоилков.

Од жирито не може да одвои никој кој најмногу му помогнал, бидејќи вели сите биле фер и се трудел да ги слуша нивните критики и истите да ги промени.

– Многу ми значеше што Трајче беше тука, тој знае како е беше пинковa ѕвездичка. Ми рече Јас не го освоив првото место, сега ти го направи тоа за мене, додава Мите за Пинк.рс.

Вели дека доста напреднал пред се за музиката и дека има големо искуство зад себе.

Па, навистина победата е заслужена! Браво за Мите.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris