24 февруари, 2017

Радио

Луѓето кои два дена од неделата се на ригорозна диета за прочистување и јадат само овошје и зеленчук губат речиси двојно повеќе тежина од оние кои постојано се на диета. Кратката, но строга диета е поефикасен начин за ослободување од вишокот на килограми отколку постојаното броење на калории, тврдат истражувачите.

Во истражувањето спроведено на универзитетот во Манчестер, 115 жени биле ставени на три вида диета. Првата група била подложена на дводневна диета која вклучувала само овошје и зеленчук, односно само 650 калории дневно, а во останатите пет дена им било дозволено да јадат се освен мрсна храна.

На втората група им биле забранети јаглени хидрати два дена во неделата, додека останатите денови можеле да јадат што сакаат и колку сакаат. Третата група била подложена на диета со 1500 калории дневно, а единствено ограничување била забраната за конзумирање алкохол и мрсна храна.

По три месеци, резултатите покажале дека жените од првата и втората група изгубиле во просек по четири килограми, додека оние од третата група загубиле околу 2.4 килограми. Затоа, експертите советуваат да изберете два дена во неделата за прочистување, а останатите денови да јадете што сакате, се разбира со избегнување на најкалоричните видови храна, како пржена храна, торти и секако алкохол.

Остави коментар

Почетна // живот // Исхрана // Дводневна ригорозна диета е поефикасна од седумдневно броење калории
Горе