Еве зашто не е добро да прескокнувате оброци

21 декември, 20160
9

Иако не успеваме секогаш да најдеме доволно време да седнеме и да изедеме здрав, урамнотежен оброк, многу е важно да изедеме барем нешто.
Прескокнувањето оброци има многу поголемо дејство отколку што сте мислеле. Во продолжение опишуваме три најчести последици од нередовни оброци.
Голема е шансата за прејадување подоцна
Сте пропуштиле оброк? Кога, конечно, ќе најдете време за јадење веројатно ќе изедете многу повеќе од вообичаено, затоа што сте многу гладни и се обидувате да ја надокнадите храната што сте ја пропуштиле. Тоа, во многу случаеви, значи претрупување со брза храна која никако не е најдобриот избор ако се грижите за вашето здравје. На крај, прскокнување еден оброк дневно резултира со внесување на повеќе калории од што ни се потребни.
Пад на енергијата и шеќерот во крвта
На вашето тело му е потребно доволно шеќер кој подоцна ќе се претвори во енергија. Тоа, секако, не значи дека секој ден треба да навалите на колачите, но потребно е да одржувате стабилно ниво на шеќер во крвта. На пример, свежото овошје е идеален извор на природен шеќер. Ако пропуштите оброк, ризикувате да ви падне нивото на енергија, што подразбира и недоволна телесна активност (поради уморот). Од друга страна, поради ниското ниво на шеќер во крвта може да бидете уморни и раздразливи, а може и да ви биде потешко да памтите работи.
Зголемен ризик за разни заболувања
Студија од Универзитетот Харвард открива дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот се повеќе склони на срцеви заболувања. На вашето телу му е потребна правата комбинација на хранливи состојки за да произведе важни липиди и хормони, а недоволниот внес на храна во организмот, помеѓу остантото, го зголемува и крвниот притисок. Треба да се држите до постојан распоред на оброци за да знае вашето тело кога му следи храна. Ако немате време за целосен оброк, пробајте да изедете барем нешто за да можете нормално да функционирате целиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *