Фитнес исхрана

5 декември, 20160
5

Вежбањето и здравата исхрана се поврзани едно со друго. Доколку започнете со некаква фит програма за зголемување на мускулната маса, губење вишок килограми, или пак за затегнување на телото и одржување на фит фигура, задолжително треба да внимавате и на исхраната. Откако разговаравме со фитнес инструкторите од фитнес центарот Cybex, заклучивме што задолжително треба да се внесува во организмот, што да се избегнува, а што комплетно да се исфрли од чинијата.

Појадокот треба да биде пообилен, сложени јаглехидрати и протеини, кои му даваат енергија на телото за активностите кои следат во текот на целиот ден. Доколку започнувате со тренинзи наутро, секогаш конзумирајте свежо овошје неколку часа пред тренингот. Се препорачува да внесуваме храна на секои 4 часа. Здрав оброк подразбира: ориз, туна, чисто месо, риба, компир, омлет, тестенини, овошје.
Во исхраната се потребни и масти, како млечни производи со помал процент на млечни масти. Јаглехидратите, кои се разградуваат на гликоза, мускулите ја користат како енергија. Не ги заборавајте и ужините, а под правилен избор за ужина вклучуваме: овошје и зеленчук, шејк, протеинско чоколадо, белки од јајца.
Водата е задолжителна во текот и по физичката активност.
Посакуваната фигура е резултат на физичка активност и правилна исхрана, затоа хранете се здраво и правилно и спортувајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *