Намирници што не смеете да ги јадете пред спиење!

24 февруари, 20220
Screenshot_6

Доколку имате проблем со несоница, би требало да се запрашате дали причина за вашиот умор е храната што ја внесувате во организмот пред спиење.

 

Масната и процесирана храна, како сирењето и месните нарезоци, не се препорачува да се јадат во вечерните часови, бидејќи е полна со сол, го подига крвниот притисок и му пречи на варењето. Но, на квалитетниот сон може да му пречи и здравата храна. Овие видови на храна дефинитивно избегнувајте ги за доцна вечера.

 

Броколи, карфиол и зелка

Броколите, карфиолот и зелката се полни со витамини и минерали. Сепак треба да избегнувате да ги консумирате во вечерните часови, а поготово пред да одите во кревет. Тие всушност содржат нетопиви прехрамбени влакна кои долго се варат и така го попречуваат сонот.

 

Цитрусно овошје
Лимунот, портокалите и друго цитрусно овошје се одлични извори на витамин Ц, но експертите советуваат да не ги јадете после 17 часот. Киселината во ова овошје може да предизвика желудочни проблеми, но и ве оддржуваат будни во вечерните часови кога тоа не го сакате.

 

Домати
Доматите содржат силен антиоксиданс – ликопен кој го чува здравјето на срцето и крвните садови. Но, немојте да јадете домати и доматни сосови во вечерни часови, бидејќи оваа здрава храна е чест причинител на желудочни тегоби. Помеѓу сонот и вечерата би требало да поминат барем три часа, за да и се даде шанса на вашата пробава да ја одработи својата задача без било какви проблеми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi