Не е важно што јадете, туку кога јадете!

21 ноември, 20160
4

Кога станува збор за исхраната, кога јадете може да биде подеднакво важно како и што јадете. Новите истражувања покажаа дека последици по здравјето од лошата исхрана делумно можат да бидат резултат од нескладот помеѓу нашиот внатрешен часовник  и времето кога јадеме.
Доколку го ограничиме времето на внесување храна на осум часа, ќе бидеме помалку склони кон гојазност и други пореметувања на метаболизмот, во однос на оние кои јадат исто количество на храна, но во тек на целиот ден. Научниците го објаснуваат овој феномен со тоа што секој орган има свој часовник, односно дека постои време кога нашиот црн дроб, црева, мускули и други органи работат и време кога тие спијат. Овие метаболични циклуси се клучни за процесите, од разградувањето на холестеролот до стварање на гликоза и би требало да бидат на врв кога јадеме, а да мируваат кога не јадеме.

 

Ако јадеме во тек на ноќта, тоа може да ги поремети овие нормални метаболични циклуси. Принципот е ист, како кај спиењето, така и кај будната состојба:  ако не спиеме добро во тек на ноќта, нема да бидеме будни во потполност во тек на денот и последица е тоа дека работиме помалку ефикасно. Овие откритија наведуваат на заклучок дека ограниченото време на внесување храна може да претставува промена на начинот на живот што може да им помогне на луѓето да не се здебелуваат. Во најмала рака, овие докази укажуваат на тоа дека ова е фактор на епидемија на гојазност што треба посериозно да го земеме во предвид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *