Природни пијалоци за рамен стомак

13 декември, 20160
5

Студеното време е идеално за да се одвикнете од засладените сокови и безпотребно внесување на додатни калории. За да ја угасите својата жед, пробајте ги овие природни напитоци и храна кои освен што се вкусни, го забрзуваат метаболизмот.

Водата е најважен сојузник на здравиот начин на живот, без оглед дали држите диета, или не. Помеѓу останатото, таа го подобрува дигестивниот систем, ја поттикнува апсорпцијата на храната и допринесува за детоксикација на организмот. Но, доколку не сакате да пиете вода, додадете и неколку капки лимун – тоа уште повеќе ќе го забрза вашиот метаболизам.

Мента, освен што ја оддржува хигиената на усната шуплина, има диуретичко дејство, ја поттикнува абсорбцијата на мастите во организмот и го намалува апетитот.
Ананасот можеби не потсеќа на летото, но ова егзотично овошје ќе ви помогне да постигнете витка линија во зимските месеци и самоуверено да се прошетате по плажа после неколку месеци. Имено, ензимите што ги содржи ананасот, ја отстрануваат надуеноста, така да ова овошје е идеално за рамен стомак.

Зелениот чај содржи полифеноли што се одговорни за зголемено согорување на масните наслаги. Се препорачува да го пиете пред вежбање, за да го зголемите топењето на масните наслаги. Една шолјица кафе дневно заменете ја со зелен чај, бидејќи така ќе го намалите нивото на холестерол во организмот и ќе се заштитите од вирусни инфекции.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi