10 нешта кои заслужувате да ги добиете од него
Иако врската е компромис, сепак постојат неколку работи кои ги заслужуваме од него и никако не смееме да се помириме со помалку од тоа…
1. Партнер кој е подготвен на компромис.
2. Партнер кој ве сака поради тоа што сте, а не поради тоа што би можеле да бидете.
3. Партнер кој ви одговара на пораките и ви дава до знаење дека сте му важна.
4. Партнер кој ги почитува вашите меѓусебни разлики, односно кој ве почитува.
5. Партнер кој ве подржува во остварување на вашите сонови и долгорочни цели.
6. Партнер кој ви создава чувство на сигурност.
7. Партнер на кој очите му светнуваат кога ќе ве види.
8. Партнер кој е искрен со себе и со вас.
9. Партнер кој ве сака без разлика на големината на гардеробата која ја носите.
10. Партнер кој се смее на вашите шеги без разлика колку се смешни.