Ако сте сингл, еве како да најдете дечко за 30 дена

13 декември, 20160
1

Предолго сте сами, а наоѓањето на дечко станува невозможна мисија. Другарките ви ветуваат дека за роденден ќе ви купат мачка, стрина ви ви вели дека не е ниту нормално, ниту здраво да немате машко покрај себе, а бабата веќе ве прогласи за стара мома.

Ако ова е вашиот случај, време е да ги земете работите во свои раце, да си зададете цел, да одберете „оружје” и право во потрага. Баталете ги уверувањата дека љубовта ќе ве пронајде кога најмалку ја очекувате, туку вие пронајдете ја неа, или барем помогнете и така што ќе ги зголемите можностите да ви се случи.

Следната година нека биде период на ваше внатрешно препородување. Прво што треба да сторите е да бидете позитивни, насмеани и забавни. Поработете на себе како би сте се чувствувале добро. Имајте на ум дека ако не сте среќни и задоволни со себе, ниту дечкото кого  силно го посакувате нема да ве усреќи. Никој не сака намќори и луѓе кои секогаш се жалат на нешто. Дури и кога ви е тешко, обидете се тоа да го сокриете и секогаш размислувајте дека се ќе излезе на добро. Ништо не е попривлечно од насмеана личност, полна со самодоверба.

Важно е да бидете отворена и пристапна. Замолете ја сестрата, другарката, или друга блиска личност да го посматраат каков е вашиот став кога сте во машко друштво. Искрено нека ви кажат каде грешите, дали проблемот е во тоа што сте срамежливи, затворена, недоверлива, или едноставно не знаете како да се однесувате кога ќе се појави машко во вашата близина. Пристапноста се однесува на испраќање прави сигнали на слаткото момче кое го приметивте во клубот, или на оној кој го познавате од видување. Бидете храбра, немате што да изгубите ако му упатите „долг поглед”, или насмевка. Напротив. Тоа ќе го охрабри да ви пријде, бидејќи „малите сигнали се СОС за љубов”.

На крај, направете список на сите карактеристики што вашиот „Господин Совршен” би требало да ги поседува и прецртајте ги сите, освен три кои ви се најважни. Ова не значи дека го намаливте критериумот, туку дека си „отворивте” себеси нови опции. Ако е нормален, паметен и згоден, каква врска има што е плав, или нема изразени рамена? Попуштете и допуштете си да ви се допадне.

Облекувајте се секси, но не премногу провокативно. Имајте мерка во сé, па и кога сакате со облека да ги истакнете своите атрибути. Машките обожуваат високи потпетици, но можете да изгледате супер и во ниски чизми и балетанки. Најважно е да ви биде удобно во она што го носите, бидејќи само тогаш ќе „зрачите”. Промената на парфем, на мирисливиот лосион за тело и секси долен веш, ќе сторат да се чувствувате атрактивно и привлечно дури и ако сте во обична памучна маица, фармерки и патики.

Сепак, пред сé ова, натерајте се себеси да отидете недотерани и без шминка во теретана, или на некое друго место каде има припадници на посилниот пол, како би се научиле да се чувствувате пријатно во својата кожа. Доколку е потребно, сменете го стилот на облекување, фризура, или шминка… После наведените фази на трансформација, осмислете стратегија, односно составете „план за напад”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi