Нештата кои те прават посакувана

28 ноември, 20160
11

Додека светот се обидува да ги открие карактеристиките на најпосакуваните дами, вистината можеме само да ја претпоставиме бидејќи дефиницијата постојано се менува.

Но без разлика на се, можеме да кажеме дека дамата која ја посакува секој маж ги има следниве особини:

1. Таа не трча по луѓето

Оваа дама знае дека трчањето по луѓето е губење на време. Таа знае дека најважно од се е да стане најдобра верзија на самата себе, а светот тоа ќе го забележи кога ќе напредува во животот.

Тоа што е зафатена со креирање на живот каков што сака ја прави неверојатно пожелна.

2. Таа ги контролира своите емоции

Посакуваната жена не плаче околу секоја лоша врска или секој свој неуспех. Секогаш ги контролира своите емоции. Не троши време ни енергија на емоции кои нема да и донесат никаков напредок.

3. Таа го избегнува оговарањето

Своето време го користи продуктивно наместо да се занимава со безначаен трач. Оговарањето создава драма и тоа таа го знае.

4. Таа не бара внимание

Оваа дама не објавува свои селфија на секои пет минути и не го менува статусот на својата врска секогаш кога ќе се вљуби.

Таа едноставно не сака да ги замара луѓето со тривијални нешта.

Верува дека вниманието ќе го добие од слични луѓе и не бара почитување, таа го заслужува. Верува дека некои работи од нејзиниот живот треба да ги знаат само одбрани луѓе.

5. Таа не се губи во врските

Дамата која држи до себе нема да ја изгуби својата личност само за да усреќи некој друг.
Таа има живот и надвор од врската и не се држи грчевито за својот партнер. Има свои сонови и цели и не го губи својот идентитет.

6. Таа има свои страсти и хобија

Се труди да биде колку што е можно подобра во тоа што го прави. Не одолгувлекува и не го губи времето. Открива што сака и тоа го прави со леснотија.

Не го троши животот на бесмислени зависности.

7. Таа е интелигентна и тоа е очигледно

Тука не мислиме на коефициентот на интелигенција туку на дама која го разбира светот околу себе и луѓето во него. Таа стекнала мудрост од своите искуства и грешки.

Беспрекорно го разбира животот и самата себе и учествува во разговори кои имаат смисла и одредена тежина, а сето ова ја прави уште попосакувана.

8. Таа е секогаш елегантна

Знае дека елеганцијата и гордоста се нешто со што нема компромис. Тука не мислиме на надворешниот изглед туку на енергијата. На себе секогаш носи шарм.

Посакуваната дама знае дека елеганцијата не доаѓа од скапите модни комбинации туку од самодовербата.

9. Таа е брилијантна соговорничка

Поседува јаснотија на мислите која ја покажува со изборот на зборови, без разлика на јазикот кој го говори. Таа е реална но и емотивна. Ја знае вистинската мерка за рамнотежа во разговорот.

Таа ќе го остави соговорникот да се искаже и ќе му покаже дека е разбран но ќе биде искрена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi