Причини поради кои пропаѓаат Браковите, а Љубовта се помалку ја има!

29 јуни, 20160
10

Никој не влегува во врска со надеж или очекување дека таа ќе се распадне. Посакуваме среќна иднина и љубовна искра која ќе гори и на стари години

Но, факт е дека многу од врските не успеваат. Особено во денешно време со модерните сфаќања и слободниот избор на партнери, што само по себе воопшто не е лошо, но сепак би требало да знаеме како да градиме цврсти и сериозни врски. Ова се десетте најчести причини поради кои врските и браковите се распаѓаат. Секако имате можност да не ги направите овие грешки.

Љубовта се дава и се што примате е само благослов. Колку повеќе давате, толку повеќе ќе ви се враќа. Давајте љубов. Сакајте и ќе бидете сакани.

1. Работите стануваат сериозни пребрзо

Да се избегне ова е тешко, бидејќи додека сте во фазата на „меден месец“, ви се чини дека вашата врска би пребродела сè и дека тој/таа е вистинскиот/вистинската за вас. Но, по одреден период сфаќате дека не е баш така. Не залетувајте се, дозволете си да се запознаете. Ништо не е со сигурност онака како што изгледа на почетокот. Многу често врските прекинуваат бидејќи станале сериозни пребрзо. Дали се гледате себеси со таа личност во иднина, делите заеднички цели, желби и интереси, ви одговара карактерно? За да бидете сигурни во ова ви треба време. Сепак, не е работата да имате кој било покрај себе, туку личност со која врската вистински ќе ве исполнува.

2. Го/ја правите одговорен/на за вашата среќа

Вашата лична среќа е она што влијае на вашата среќа како пар. Најчесто девојките го прават својот партнер одговорен за нивната среќа. Да го поставите како личност чие задолжение е да ве прави среќни постојано е исто како да го правите одговорен за изгревањето на сонцето. И покрај тоа што партнерот треба да придонесува за вашата среќа и благосостојба, некои работи се надвор од негова контрола. Нашата среќа зависи од нас самите, а не е нечија задача.

3. Премолчување на она што ве мачи

Не може да решите проблем ако другата личност не знае што точно чувствувате. Понекогаш очекуваме од луѓето да ни ги читаат мислите. Но, вистината е дека тој/таа нема таква моќ. Ако сакате проблемот да се реши, кажете го. Со константно премолчување и правење другата личност да се чувствува виновна и да претпоставува што и каде згрешила, голема е веројатноста дека ќе ја оттргнете од себе.

4. Непоминување доволно време заедно

Секако дека имате обврски и други личности на кои треба да им посветите внимание. Не значи дека треба да бидете заедно постојано. Но, минувањето исполнето и убаво заедничко време е важно,

само што на моменти може да изгледа невозможно, особено ако имате деца или сте претрупани со обврски. Издвојувајте време кое ќе си го посветите еден на друг, спречувајќи искрата страст во вашата врска да згасне. Одберете период во кој ќе се исклучите од останатиот свет, одете на прошетка, на вечера, танцувајте, излезете во клуб, гледајте филм, сеедно, што и да правите, правете го заедно.

5. Не го/ја слушате вистински

Момци, можеби фудбалскиот натпревар ви е поинтересен, или девојките во умот вртат шопинг листа, но кога ви зборува партнерот, слушајте! Заборавете на мултитаскингот и посветете го потребното внимание. Врските добиваат цврстина кога ја слушате другата страна, а така и таа ќе обрати внимание на она што вие го зборувате. Бидете активни слушатели, прашувајте и интересирајте се. Споделете проблеми, случки и видувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *