Сте налетале на маж кој ве освоил и веднаш му влетавте во кревет? Еве што мислат момците за тоа

31 мај, 20160
1
Сте налетале на маж кој веднаш ве освоил, размислувате само за него и веднаш му влетавте во кревет? Еве што мислат момците за тоа.

Можеби воопшто не планиравте да спиете со него, но „искрите“ беа силни и вашите сопирачки попуштија. Беше совршено, но следното утро размислувате дека тоа однесување не е достојно за една дама. Загрижени сте дали сте направиле лоша работа? Што ако повеќе не ви се јави? А и ако се јави, дали навистина му се допаѓате или повторно сака само секс? или повторно сака само секс?

Еве што мислат за сето тоа момците.

Ако не влезете веднаш во неговиот кревет, ќе ве посакува уште повеќе. Мажите се по природа конкурентни, сакаат предизвици и сакаат да „ловат“. Тоа ги интригира, гии возбудува и ги мотивира. Мажите го сакаат она што мислат дека не можат да го имаат. Токму во тој период кога „бркаат“ некоја девојка, момците прво емотивно се поврзуваат со неа, а ако веднаш имате секс со него, веројатно е дека неговото интересирање за вас ќе избледи.

Не постои број на состаноци кои треба да поминат пред првиот секс, но ако малку почекате, поголеми се шансите дека нема да ве гледа како девојка за една вечер, туку како „материјал“ за врска. Мажите ќе ви го потврдат тоа – постои нешто во жените кои ги тераат да чекаат. Иако ќе се обидат да ве одведат во кревет – мажите се природно фокусирани на репродукција – во себе ќе се надеваат дека нема да попуштите. Ако го натерате некое време да почека за интимноста, ќе се фокусира не на тоа да ве одведе во кревет, туку да го освои вашето срце.

Иако на момците можеби им одговара девојките веднаш да ги задоволат нивните потреби, за жените кои лесно влегуваат кај нив во кревет немаат многу добро мислење – сметаат дека не се почитуваат себе си доволно, дека немаат доволно самодоверба и сакаат да чекаат маж кој ќе ги сака и почитува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi