6 заповеди на дамите со совршен стил

24 ноември, 20160
4

Дамите со стил сакаат да ги следат трендовите, да бидат средени и да изгледаат беспрекорно. Во својот стил се разликуваат и секогаш се трудат да бидат уникатни.

Она што е уште поважно е тоа што гардеробата совршено им одговара на нивата фигура.

На оние дами на кои изгледат им е многу важен се грижат за секој детал.

Модниот експерт Laura Crake, ни открива неколку нови заповеди до кои треба да се придржуваме ако сакаме да изгледаме секогаш средено.

6-zapovedi-na-damite-so-sovrsen-stil-01

1. Никогаш не наседнувајте на очигледните трендови

Додека некои ја чекаат секоја сезона за од продавниците да го набавата она препознатливо трофејно парче кое вришти “во тренд сум“, дамите со стил не сакаат да делуваат дека немаат фантазија.

Не ја носат најпопуларната ташна на сезоната само затоа што е хит.

2. Опседнати се со кошули

Кошулата иако се поврзува со исклучиво формални ситуации, жените со стил знаат дека таа е едно од најсестраните парчиња. Ноншалантно ја носат на плажа во раскопчана верзија но и на деловен состанок со пенсил сукња.

6-zapovedi-na-damite-so-sovrsen-stil-02

3. Квалитет, а не квантитет е нивната мантра

Тие немаат преполни плакари. Во текот на распродажбите не купуваат импулсивно само затоа што е намаление.

Купуваат наменски и организирано.

4. Повеќе сакаат чевли од торба

Повеќе внимание обрнуваат на она што им е на стапалата отколку на она што им виси од рацете.

Кога имаат вистински чевли, остатокот од комбинацијата едноставно се средува сама по себе.

Во текот на денот сакаат едноставни чевли со рамни ѓонови или ниска потпетица. Навечер ја пуштаат фантазијата.

6-zapovedi-na-damite-so-sovrsen-stil-03

5. Знаат да пронајдат нови модни брендови

Оној нов дизајнер за кој сите зборуваат, дамите со стил веќе го знаат со месеци. Случајно го откриле.

6. Не се замараат со фризурата

Кога се во фризерски салон не бараат фризура по пример на оваа или онаа, нивната фризура е едноставно нивна.

Не користат пегла за коса, бидејќи таа ќе го исфрли целиот карактер од нивната коса. Сетоа она што повеќето жени го мразат кај својата коса (како седи влакна, испукани врвови или масни прамени) овие дами го прифаќаат и го решаваат со најобично врзување на косата во коњско опавче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *