Ефектна комбинација на зелено и сино
Елегантните и префинети нијанси на сино и зелено, во спектарот на бои се наоѓаат една до друга, поради што веројатно одлично изгледаат и кога ќе се “спарат” во облеката.
Дури и дизајнерите на ентериери често ги користат при уредување на домот, бидејќи делуваат смирувачки.
Една од ефектните комбинации може да бидат “искинати” тесни, сини фармерки со зелен џемпер и чевли и чанта во топли нијанси на беж боја. На сето тоа, додадете кратко капутче во топли тонови на сино и ќе изгледате фантастично!
Комбинација на повеќе нијанси на сина, доаѓа во обзир, исто така, без оглед дали се работи за панталони и џемпер покрај ефектна зелена јакна и торба во иста нијанса. Во пресрет на студените денови, тесни фармерки со бела ролка одлично се сложуваат со минт зелен капут со широки ревери и украсни копчиња.