Како да ги носите есенските палта

31 октомври, 20160
7

Во новата сезона доволно е тешко да смислиш што да носиш утре, а да не зборуваме за тоа да го доведеш стилот до совршенство. Во срцето на есенската сезона клучно место имаат есенските палта, кои веројатно веќе се во вашиот плакар, и им треба мало освежување.
Погледнете како да ги носите преодните палта и да изгледате одлично.

Statija gallery photo

Темен мантил

Tемниот класичен мантил, заврзан на струкот е совршен за есенските денови. Одберете наутички изглед, спојувајќи две класики, темниот мантил со маичка на линии и темни фармерки или хеланки. Која било неутрална варијатна исто така совршено прилега на темниот мантил. Мал црн фустан, темни фармерки и бела маичка, или беж долга кошула. Не заборавајте, леопард дезенот со беж боја исто така спаѓа во неутрално. Во вечерните часови носете го со коктел фустанче, а во тој случај најдобро е да одберете должина над колена.

Statija gallery photo

Тексас јакна

Синиот евергрин можете да го носите како аксесоар, кој ќе заврзан околу вашата половина додека не ви затреба да ве згрее. За овој изглед да ви успее, носете тенсо здолниште до колена, кое ја следи линијата на вашето тело.

За совршен дневен изглед тексас јакната можете да ја носите со фустанче и патичиња, бели фармерки и маичка во неутрални тонови, или пак хеланки и лежерен топ.

Statija gallery photo

Струкирано сако со копчиња во два реда.

Сметајте на тоа дека ова е новата есенска униформа. Можеби започна како машко сако, но жените го присвојија. Носете со едноставни комбинации како ролка со панталони, со впечатливи модни детали.

Statija gallery photo

Спортска јакна

За да и дадете женствен изглед на спортската јакна носете ја со здолниште со висок струк, или пак одберете подвиткани фармерки и интересни патичиња.

Statija gallery photo

Долго лежерно палто

Опуштениот облик на долгото лежерно палто ќе ви даде многу можности за екпериментирање со облека на слоеви. Одберете палто во светли пастелни тонови, кое ќе го комбинирате со комплементарни детали.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *