Како секогаш да изгледате скапо и луксузно облечени: Тајната е во бојата
Доколку сакате да изгледате луксузно и скапо облечени нема потреба да фрлате богстство за облека туку се што треба да внимавате на тоа каква боја на облека купувате.
Имено, постојат 3 бои со чија помош облеката секогаш ќе изгледа поскапа отколку што реално е.
Бела
Белата боја лесно се комбинира со нежни и неутрални бои, а ако немате толку храброст, доволно е да одберете само бело палто.
Црвена
Кога на себе ќе облечете црвена боја, кожата автоматски ви сјае. Заборавете на комбинацијата црно-црвено бидејќи премногу е упадлива. Заменете ја црната со нежно кремасти тонови.
Кралски сина
Најелегантната боја која некогаш постоела е токму оваа боја. Добро се комбинира со двете претходни, може да ја носите на секој материјал и модел. Најдобро се комбинира со топли бои или со контрастните црна и бела.