Комотните џемпери се многу практични

3 ноември, 20160
2

Удобните и топли џемпери од дебела волна или од трикотажа не слегуваат од модниот трон ниту оваа сезона, порачуваат светските дизајнери во чии колекции доминираат предимензионирани модели оваа сезона.

Освен што ќе ве загреат, овие комотни џемпери се многу практични бидејќи можете да ги носите како прекривки и фустани, а одлично одговараат со мини-сукњи и грилонки, чизми над колено и бундички од еко-крзно. Лесно ќе ги вклопите со карирана кошула, ролка и фармерки, додека за некоја вечерна прилика целата комбинација можете да ја дополните со некој ефектен моден додаток, ремен, ѓердан или алка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *