Прирачник како да носите црна боја, без да изгледате тажно и здодевно?

28 септември, 2016
7

Елегантната и безвременска црна боја е нешто на кое секогаш се навраќаме колку и да бараме нешто ново.

Сепак, треба да знаете како да ја носите оваа боја и како правилно да ја комбинирате за да ја покажете нејзината софистицираност и елегантност.

Следните трикови ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно секогаш кога ќе се одлучите за црна комбинација.

1. Секогаш избирајте додатоци во впечатливи бои со кои ќе ја изразите вашата креативност и карактер

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-01

2. Избирајте црна облека која е поширока бидејќи припиената црна облека само дополнително ќе го истакне она што сакате да го скриете.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-02

3. Играјте со текстурите и комбинирајте различни материјали за да добиете впечатлив изглед

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-03

4. Монохроматскиот изглед секогаш е вистински избор кога се двоумите што да облечете, бидејќи со него речиси и да не можете да згрешите.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-04

5. Црната боја е најдобриот избор за создавање асиметричност или геометриски јасна силуета.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-05

6. Црната боја бара совршенство во секој поглед, па затоа ако ве мрзи да ја измиете косата или да се нашминкате подобро одлучете се за некоја друга боја.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-06

7. Црната боја може да направи да изгледате многу постаро ако немате соодветна шминка, па затоа секогаш водете сметка да имате барем малку шминка на лицето.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-07

8. Слободно комбинирајте ја црната со други силни бои како зелена, жолта, црвена…

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-08

9. Црниот фустан со гол грб ќе направи да изгледате и да се чувствувате како божица, па воопшто не двоумете се да инвестирате во такво парче.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-09

10. Црната тантела изгледа неверојатно секси и не може да се спореди со ниедна друга боја, па токму затоа е одличен избор.

10-trikovi-kako-da-nosite-crna-boja-10