Косата со светкаво виножито е новиот празничен тренд!

28 декември, 20160
10

Ако се радувате на празниците, затоа што ова е периодот кога можете да ги носите своите најсветкави облеки, тогаш сигурно ќе ви се допадне најновиот тренд за коса кој го освои Инстаграм.

Станува збор за фризурата која ја постигнувате со многу светки во боите на виножитото, а изгледа исто онолку кул колку и што звучи!

Наводно, овој тренд потекнува од стилистот Ники Ли, кој работи во студиото “Nine Zero One Salon”, а светкавата фризура стана хит откако тој демонстираше како се прави во видео за “Beauty Coach TV”.

Но, ако може да се суди според она што го гледавме на Инстаграм преку целата година, слободно може да заклучиме дека овој тренд беше само прашање на време.

Доколку сакате да го пробате, погледнете ги следниве фотки од Инстаграм за инспирација…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi