Трикови за вашата шминка подолго да трае

31 декември, 20160
4

Повеќето работи од вашиот несесер треба да ги фрлите после некое време, но ви претставуваме неколку трикови кои ќе ви помогнат да им го „продолжите животот“ на вашите омилени производи.

Четки: Четките за шминкање се природен извор на бактерии, па затоа е важно да ги чистите најмалку еднаш неделно. Најдобро е да ги измиете со шампон, па да ги оставите да се исушат.

Маскара: Најлошото нешто што може да го направите е да ја „пумпате“ маскарата, односно не ја чистите после употреба, затоа што тоа создава воздушни џепови кои ја згрутчуваат маскарата. Наместо тоа обидете се да ја чистите четката со влажна марамица еднаш неделно за да го отстраните вишокот на засушена маскара.

Лак за нокти: Ставете неколку капки ацетон кои ќе го освежат стариот лак за нокти и ќе можете да го користите уште некое време.

Кармин: Доколку вашиот омилен кармин е при крај, обидете се она што останало со него да го искористите со помош на четкичка за нанесување на кармин.

Сенки за очи: Многу жени силно ја притиснуваат четкичката врз сенката за очи, а тоа допринесува до лесно кршење и побрзо трошење на сенката. Наместо тоа, нежно натапкајте ја четкичката врз сенката за очи, така таа ќе трае подолго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *