Победете го бесот и сочувајте го здравото срце

29 октомври, 20160
2

Разговорот со блиска личност може да делува лековито на бесот, додека за долгорочно отстранување на гневната реакција поради извесни ситуациии и зборови, најдобро помагаат здравите животни навики.

Најпознат начин за контрола и елиминација на бесот е да се диши длабоко и да се брои до десет. Доколку овој едноставен пристап не помага во намалувањето и да размислите што е тоа што предизвикало да „изгори фитилот“, предлагаме да примените неколку начини за да ја надминете лутината и гневот и тоа на физички план.

Се смета дека удирање во вреќа е најефикасен физички метод бидејќи може да ги “скрши” сите фрустрирачки чувства што ги предизвикува бесот. Бидете внимателни, бидејќи за пресметката со вреќа се потребни боксерски ракавици кои ги штитат зглобовите на прстите од повреда.

Стискањето пешкир е уште еден многу ефикасен метод. Секој пат при стегањето издишувајте го воздухот и изговарајте ги на глас вокалите А, Е, И, О, У.

Врескањето на некое изоллирано место се покажа добро исто така, бидејќи после првиот ослободувачки вресок повеќето личности започнуваат да се смејат.

Трчање со слушалки на уши низ кои се емитува омилената музика е сигурен начин за елиминација на негативните чувства. Резултатот за да биде остварен во потполност морате добро да се испотите, а врв на освежувањето на психички план сигурно е загарантиран после топлиот туш.

Сечењето дрва што е актуелно во овој период од годината е еден од сигурните пристапи за контрола на бесот. Сепак, овој начин се препорачува само на оние кои добро владеат со оваа вештина.

Разговор со блиска личност може лековито да делува на бесот, додека за долгорочно отстранување на гневната реакција на извесни ситуации и зборови, најдобро помагаат здрави животни навики. Тоа значи заспивање на време, правилен распоред на оброци, чест престој на чист воздух, како и одредување приоритети во рамки на дневните активности и реално проценување на сопствените можности.

Бидејќи ако негативните чувства како што се бесот, стравот и љубомората хронично го следат животот, тие можат да го нарушат и телесното здравје, а најпрво страда срцето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi