Скокал банџи, со глава удрил во земја и ПРЕЖИВЕАЛ!

16 март, 2017
Скокал банџи, со глава удрил во земја и ПРЕЖИВЕАЛ!

Застрашувачка снимка прикажува човек, кој скока со банџи во Москва и поради предолгото јаже со главата удира директно во земја.

Видеото е снимено на филмски сет, кога каскадер скокал повеќе пати од еден кран на градилиште, како би фатиле најдобар кадар.

По успешните два скока, третиот можел да заврши трагично. На снимката се гледа како човекот се држи за глава, очигледно поради силниот удар.

Не е познато дали човекот е пренесен во болница, но очевидци велат дека имал многу среќа.

https://www.youtube.com/watch?v=jINkcL200Hw