Менаџерскиот тим на Аријана Гранде изјави дека турнејата под наслов Dangerous Woman ќе биде одложена до 5 јуни, а неколку концерти ќе бидат откажани поради немилиот настан веднаш по завршувањето на нејзиниот концерт во Манчестер.
Аријана нема да настапи во Лондон, Белгија, Полска, Германија и Швајцарија, а „обожавателите ќе си ги добијат парите назад“ изјави нејзиниот менаџер.
Причината за паузата е „да им се дозволи на сите да се соземат по немилиот настан и соодветно да им се оддаде почит на 22те загинати и многуте повредени лица во самоубиствениот напад во Манчестер“.
Гранде ќе продолжи со настапите на 7 јуни во Париз. „Од вас бараме и понатаму да ги поддржувате жителите на Манчестер во пребродувањето на овој кукавички и безмилосен чин на насилство. Нашиот начин на живот повторно беше загрозен, но заедно ќе поминеме преку тоа“ стоело во изјавата.