Главниот дизајнер на BMW ја напушти фирмата

10 февруари, 20170
13

Ова е трета оставка во групата по оние на шефовите на дизајнот во MINI и BMW i-Series

Главниот дизајнер на BMW Карим Хабиб ја напушта компанијата, соопштува Automotive News повикувајќи се на информации од “сигурен” извор.
46-годишниот Канаѓанец од либанско потекло ја презеде функцијата во 2012 од Адријан Ван Хојдонк, кој беше префрлен како потпретседател за дизајн на целата BMW Group.

За моментов не се знае што е причината за заминувањето на Хабиб и дали тој веќе има договор со друг производител. Од BMW исто така одбија коментар. Хабиб е третиот водечки дизајнер во групата, кој го напушти во последната година. Пред него си заминаа Беноа Жакоб, творец на иконските i3 и i8, и Андерс Варминг, шеф на дизајнот во ќерка марка MINI. И двајцата преминаа во кинески компании – Жакоб во производителот на електрични Future Mobility Corp, а Варминг – во Borgward.

Некои аналитичари навестуваат разединувања меѓу ван Хојдонк и потчинетите се причина за напуштање, но до сега тоа се само шпекулации.

Во ексклузивното интервју за “ТРКАЛА” во 2015 година Хабиб зборува за својата желба да се прошири палетата на BMW, да создаде Деветтка и дури Десеттка во серијата.
“Од гледна точка на дизајнот сме целосно подготвени тоа да го направиме”, рече Хабиб. Потпретседателот на BMW Хилдегард Вортман сепак контрира дека групата има свои цели и луксузни модели преку ќерка марка Rolls Royce.
“Од нас како дизајнери се очекува да направиме така штом ќе влезете во вашиот автомобил, да не мора да го прекинувате она што сте правеле дома или во канцеларијата”, објасни Хабиб, запрашан што е најголемиот предизвик во автомобилскиот дизајн во следните години. “Ова треба да е сосема лесна транзиција – меѓу домот, автомобилот и работата. Што бара доста различно размислување кога создаваме внатрешност на еден автомобил. Но треба да кажеме дека за марката BMW е возењето, и задоволството од него, ќе си останат многу важни и во иднина “.

Целото интервју на “ТРКАЛА” со Карим Хабиб можете да видите во видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *