Колку напредна безбедноста на автомобилите во последните 20 години?

7 февруари, 20170
7

EuroNCAP пред 20 години започна да ја тестира безбедноста на автомобилите, а со своето работење многу помогна автомобилите денеска да бидат далеку побезбедни.

Автомобилите некогаш беа опасни дури и при судири со брзина од 40 километри на час, додека при судар од 60 километри на час епилогот можеше да биде со смртни последици.

Тестовите на EuroNCAP со фронтален и страничен судар при брзина од 60 километри на час го поттикна развојот на разните безбедносни решенија на автомобилите.

Организацијата тврди дека благодарение на оваа иновација само во Европа се спасени речиси 80.000 животи.

Тие објавија и видео во кое се гледа колку напредувале автомобилите во поглед на безбедноста. Споредбата е меѓу Rover 100 еден од првите автомобили што ги тестирале, и компактниот Honda Jazz кој важи за еден од најбезбедните автомобили на пазарот.

Стариот автомобил, при судар со брзина од 60 километри на час речиси сигурно ја загрозува безбедноста на возачот и патниците, додека од современиот автомобил сите би излегле само со модринки, но без посериозни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi