„Летечкиот автомобил“ на Airbus би можел да полета оваа година

23 јануари, 20170
3

Производителот на најголемиот патнички авион во светот моментално е заинтересиран за многу помала форма на воздухопловство. Според извештаите на Reuters, Airbus намерува да има прототип на летечки автомобил за еден човек спремен за претставување на крајот на 2017 година.

Уште од минатата година, Airbus ги разгледувале можностите да се направи автономно летало кое ќе може да се повика преку апликација. На овогодинешната DLD дигитална-технолошка конференција во Минхен, Главниот извршен директор на Airbus, Том Ендерс, откри колку се тие близу до остварување на таа цел. Според Ендерс, проектот е „во експериментална  фаза“ и демо-возило би можело да биде спремно за полетување во текот на оваа година.

Покрај лични летечки автомобили, Airbus исто така истражува самоуправувани летала во хеликоптер стил за превезување на повеќе патници истовремено.

Но, Airbus нема баш монопол на иднината на автономното воздушно патување. Европската компанија за летечки возила, Lilium Aviation, неодамна се здоби со инвестиција од десет милиони долари и планира да започне со целосни тест-летови во текот на оваа година. Компанијата Uber исто така сака да го однесе кратко-растојното патување во воздухот во блиската иднина.

Правењето летечки автомобили звучи како скапо дело, но Ендерс вели дека тоа би можело да им заштеди многу пари на градовите во долгиот рок. „Со летање, не треба да се вложуваат милијарди на бетонски мостови и патишта,“ изјави тој на конференцијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *