„Mercedes“ повлекува 400.000 автомобили од пазарот

25 октомври, 20170
12

Германската автомобилска компанија „Mercedes“ ќе повлече од пазарот околу 400.000 автомобили поради проблеми со воздушните перничиња, соопштија од компанијата.

Во соопштението стои дека на територијата на Велика Британија ќе бидат повлечени модели од класите A, B, C и E, како и моделите CLA, GLA и GLC кои се произведени во периодот помеѓу ноември 2011 година и јули 2017 година.

Од компанијата тврдат дека проблемите со воздушните перничиња не се поврзани на никој начин со јапонската компанија „Takata“ и дека досега не се пријавени никакви несреќни случаи.

Германската компанија ги повика сите кои поседуваат еден од наведените модели да ги пријават во локалниот сервис на „Mercedes“ за бесплатно да им биде извршена поправката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi