Се продава стариот Mercedes на Трамп

13 февруари, 20170
15

Автомобилските страсти на новиот претседател на САД Доналд Трамп се знаат. И пред, да стане прв човек на најмоќната држава, Трамп во својата гаража како љубител на класичните модели имал многу квалитени примероци.

Но, еден автомобил сепак, кој бил во негова сопственост, на Доналд Трамп, сега се продава во Германија. Станува збор за Mercedes-Benz 560 SL, производство 1987 година. Автомобилот е изложен за продажба од германски дилер на класични автомобили кој со документи докажува дека во минатото токму овој Mercedes бил сопственост на Трамп.

Класичниот 560 SL има кожни седишта, електрични сткла, моќен аудио систем, ABS, како и многу други примамливи работи, кои тогаш малкумине ги имале во своите автомобили. Под капакот е монтиран 5,6-литарски V облик осумцилиндар мотор, кој располага со моќност од 230 коњски сили.
Овој автомобил развива максимална брзина од 225 км / ч.Прво Трамп го користел автомобилот за лични потреби, а потоа го предава на тогашната сопруга Ивана Трамп. Откако се разведува, Мерцедесот останува кај неа и многу наскоро по разделбата поранешната госпоѓа Трамп го продава заедно со вилата во Флорида.

Потоа возилото оди во Италија, а пред три години е купен од предметниот германски дилер за сума од 40 000 евра. Сега, кога Трамп е веќе претседател на САД, возилото се продава за двојно повеќе – 80 000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *