Хотел OCEAN`S 11 на Тајланд!

13 јануари, 20170
15

Во случај да планирате да го посетите Тајланд, ви препорачуваме да го посетите овој хотел со 5 ѕвезди кој се наоѓа на источниот брег на Пукет.

Наречен по познатиот филм, Ocean’s 11, овој хотел е идеален за вашиот одмор. Со совршена услуга и апартмани кои имаат неверојатен поглед, ова место го препорачуваме на сите љубители на патувањата и луксузните дестинации.

Ocean’s 11 ве поканува да уживате во луксузниот начин на живот, палмите и тиркизната вода. Егзотичните шари и материјали на перниците, силните бои и деловите од метал и даваат на секоја соба личност за себе. Секоја соба има светли метални лампи, преку кои се создава совршен амбиент кој поттикнува креативност и кој во комбинација со погледот кој секој апартман го нуди, дава впечаток како да сонувате.

Преубавата егзотика, која е далеку од куќите, овозможува гостите да доживеат фантастично искуство и во културата на Пукет и неговата околина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *