Шавен –град обоен во сино, една од најубавите марокански атракции

26 јануари, 20170
8

Откако граѓанките на мароканскиот град Шавен одлучиле да го уредат, ова место се претвори во едно од најуспешните туристички дестинации на оваа земја. Средновековниот град Шавен некогш било место низ кое се минувало само попатно. Жените во градот дошле на идејата да го обојат во сино за да го направат поинтересен за туристите.

23.jpg (721×480)

-Синиот период е почнат само пред 20 години. Традиционално, само една област во градот била сина, стариот еврејски дел на градот. Сега целиот стар град се бојадисува три пати годишно, вели локалниот водич, Абделслам Муден.

8e1d9ca631.jpg (700×430)

Никој не е сигурен зошто овој планински град е обоен токму во сино . Некои луѓе сметаат дека станува збор за духовна борба на Евреите  и муслиманите, додека други веруваат дека во прашање е славење на планинскиот извор што го овозможил населувањето на местото. Алтернативно објаснување е дека сината боја ги брка комарците , што е особено корисно.

Жените градот го бојат рачно, најчесто во текот на ноќта, додека другите спијат. Меѓутоа не е син целиот град. Градската тврдина и понатака е црвено-портокалова, а џамијата останува бела, но само затоа што никој сеуште не ги обоил , тврдат жителите.

b237f1e1c1.jpg (700×430)

786a6ab629462e2251cf3bb7dec13445.jpg (880×582)

image83.jpg (700×1055)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi