Дванаесетгодишниот Александер Нол од Пост Фолс, Ајдахо прави апликација со која ќе им помогне на луѓето со инвалидитет полесно да се движат во јавен простор, давајќи им информации за локации на рампи за инвалидски колички, паркинг простор за инвалиди, менија со Браилово писмо и слично.
Идејата за апликацијата Ability App ја добил пред неколку години кога видел маж во инвалидска количка како се мачи да отвори тешка влезна врата.
„Се прашав дали има апликација или веб-страница што би можело да му помогне да најде продавница во таа област што има автоматска влезна врата“, вели Алекс.
Тој минатата недела гостуваше во Шоуто на Елен Деџенерис која го изненади со чек од 25.000 долари од Shutterfly.
Алекс се надева дека парите ќе му помогнат да ја заврши апликацијата.
Во проектот му помага Тара Милер која е парализирана 17 години. Таа вели дека не е лесно да се најдат ресторани со ниски маси и тоалети за луѓе со инавлидски колички.
Родителите на Алекс се горди на него што мисли прво на другите луѓе, особено оние со посебни потреби.