Без рамка, без копчиња и со мазни заоблени форми – Пристигна Galaxy S8

31 март, 20170
9

Samsung Electronics Co. денеска официјално го претстави новиот Galaxy S8 и S8 Plus а можеме да забележиме дека сите протечени информации се покажаа вистинити. 

Недостаток на „хоум“ копче; новиот ВИ помошник; панел без рамки, заоблени екрани; сензори за отпечатоци… Но она што на крајот е поважно отколку недостатокот на изненадувања, се амбицијата и доброто спроведување. По подемот и падот на Galaxy Note 7, Samsung итно мораше докаже дека може да прави беспрекорни смартфони. Па, отсега не може да бидеме сигурни дека се беспрекорни, но S8 и S8 Plus се прекрасни и целосно функционални уреди и барем засега изгледа дека подобрите работи сигурно ги компензираат послабите.

Galaxy S8 доаѓа во две големини, стандарден 5,8-инчен дисплеј и поголема верзија Plus со 6,2-инчен екран. И двата уреди се поголеми од iPhone 7 и iPhone 7 Plus, главната конкуренција во моментов, додека се очекува американски Apple да пушти нови интересни модели iPhone подоцна оваа година.  Уредите ќе се нудат во пет бои: Samsung Galaxy S8 и Galaxy S8 + ќе се појават на пазарот на 21 април во боите Midnight Black, Orchid Gray, Arctic Silver, Coral Blue и Maple Gold + слушалки „AKG by Harman“ во пакетот.

Galaxy S8 е опремен со подобрена 8 мегапикселна F1.7 предна камера со паметен автофокус и 12 мегапикселна F1.7 Dual Pixel основна за добри слики при слаба светлина, зум и слики без заматување, со подобрена обработка на сликите. Апаратите доаѓаат со високи перформанси, откако Galaxy S8 располага со првиот во индустријата 10nm чип, обезбедувајќи зголемена брзина и ефикасност. Уредот поддржува Gigabit LTE и Gigabit Wi-Fi конекција до 1 Gbps, за да можат корисниците брзо да симнуваат датотеки, независно од нивната големина.

Galaxy S8 е првиот мобилен уред, сертифициран од UHD Alliance како „Mobile HDR Premium TM“, овозможувајќи им на корисниците да гледаат неверојатно живописни бои и контрасти. Во Galaxy S8 има имплементирано и Samsung Knox, платформа за безбедност од висока класа. Телефонот ќе нуди и богата палета на биометриска технологија, вклучувајќи скенери за отпечатоци, за ирисот и препознавање на лица.

Телефонот доаѓа уште со IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина, поддршка на MicroSD картичка до 256GB, функцијата „Always“ вклучен дисплеј и можности за брзо и безжично полнење.

Она што го привлекува вниманието на аналитичарите е Bixby. Станува збор за интерфејс кој им помага на корисниците да извлечат максимум од својот уред. Новиот Bixby овозможува лесен пристап и навигација помеѓу услугите и апликациите со едноставни команди, активирани од глас, допир, текст или слика. Првично говорната функција на Bixby ќе интегрира неколку стандардни апликации и функционалности на Samsung, вклучувајќи камера, Контакти, Галерија, Комуникации и Поставки, откако во блиска иднина неговите можности ќе бидат проширени со повеќе апликации на компанијата и надворешни програмери.

Што се однесува на хардверскиот план, телефонот исто воодушевува. Уредот доаѓа со чипсет Snapdragon 835 или Exynos 8895, 4 GB RAM LPDDR4, 64 GB UFS 2.1 вградена меморија + microSD слот. Батеријата на S8 е 3000 mAh, а на S8 + – 3500 mAh, откако и во двата случаи се поддржува брзо полнење, безжично полнење и има USB Type-C конектор. Но, тука не недостасува 3.5 милиметарски џек за слушалки.

Galaxy S8 е компатибилен со новиот Gear VR со контролор, изработен заедно со Oculus. Контролорот нуди лесно управување и навигација со една рака и подобра интеракција за време на движењето при пристап до VR содржина. Galaxy S8 ќе има можност да се поврзе со новата камера Gear 360 и да создава 4K 360-степени видеа и 15-мегапиксели слики.

Продажбата на Galaxy S8 во Европа ќе стартуваат на 28 април. За повеќето нетрпеливи, од денес започна и период за претходна нарачка, кој ќе трае до 19 април, 23: 59 часот. Секој со претходна нарачка ќе го добие својот Galaxy S8 до осум дена пред официјалниот почеток на продажбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi