Гаџет со кој може да го следите својот автомобил користејќи го својот смартфон

11 јануари, 20170
13

Со повеќе од 2,5 милиони примероци продадени ширум светот овој навидум мал гаџет помага да го пронајдете сето она што вообичаено во секојдневниот живот се случува попатно да го изгубите.

ces03

Дали некогаш сте го изгубиле својот автомобил на паркинг? Се случува. Се паркирате и одите да прошетате. Кога ќе се вратите немате поим каде ви е автомобилот. Постојат различни ситуации, по напорно ноќно журкање, и одредено количество алкохол во себе, веројатноста да ја изгубите ориентацијата е исто така многу голема.

Една калифорниска компанија произвела малечка направа, која ја нарекле TrackR, и истата ја ставаат во категоријата state-of-the-art, односно ја презентираат како врвна технологија. Таа е малечка колку паричка, но го менува начинот на кој ги бараме важните работи во нашите животи.

Примената е многу лесна и едноставна. Се инсталира бесплатна TrackR aпликација на вашиот смартфон, се конектира апликацијата на вашата направа и спремни сте за потрага. Едноставно прикачете го TrackR на било што го сметате за важно и тешко може да го најдете.

Можете да го прикачите на вашиот приврзок за клучеви, ташна, паричнник, буквално на сé она што за вас има вредност и не би сакале да го изгубите.

Цената на една ваква направа е 29 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *