Иднината е тука: Камера за мобилни што „гледа“ низ ѕидови

17 октомври, 20170
13

Гледањето низ ѕидови, благодарение на модерната технологија, наскоро би можело да стане реалност.

Научниците со години работат на решенија, а главна улога имаат ласерите и друга софистицирана технологија.

Научниците од МИТ развија систем што се вика CornerCamera што содржи обични камери на смартфони за да видат што има зад аголот и така ги учат благите промени во светлината и сенките.

Ова решение би можело да им помогне на пожарникарите да видат дали има луѓе во запалени згради, а самовозечките возила може да видат дали некој доаѓа од зад аголот.

Основната идеја е едноставна – секој предмет рефлектира светлина и со внимателно анализирање на светлото на подот, во близина на некој агол можете да видите дали нешто се мрда на другата страна. Овие благи промени се невидливи за човечкото око, но научниците успеаја да ги воочат со анализирање и прилагодување на снимки со обични камери, како и со камери на моделот iPhone 5S.

Овие благи варијации се спојуваат во еднодимензионална слика. Меѓутоа, уште не може да се работи само со телефон бидејќи потребни се посебен софтвер и лаптоп, но научниците велат дека тоа е така само бидејќи уште не е развиена мобилната верзија.

Од МИТ кажуваат дека уште не може да се видат детали од предмет во движење, но може да знаат колку брзо се движат и некои детали за положбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi