Како да се заштитите од злоупотребата на вашите податоци?

29 ноември, 20170
7

Фишингот е термин кој датира од уште од 1996 година, но е доста актуелен и денес.

Се користи за да означи обид за наведување на интернет корисниците да ги споделат своите кориснички имиња, лозинки и лични податоци, кои потоа ќе бидат злоупотребени.

Шемите кои се користат при фишингот често подразбираат наведување на корисниците да посетат лажни мрежни места кои го имитираат излгледот на легитимни брендови, а дел од нив се прикажани како банки и е-продавници каде е нужна употребата на кредитни картички.

Исто така, тука се вбројуваат и шпионските програми (тројански коњи) кои се вметнуваат како програми на компјутерот на потенцијалната жртва и преку нив се следи се она кое таа го прави.

За да се заштитите од ваков тип на измами:

-Комуницирајте за вашите лични информации само преку телефон или веб-страни за кои сте сигурни дека се безбедни.

-Не кликајте на линкови, превземајте датотеки или отворајте фолдери во е-пораки од непознати испраќачи.
Одбегнувајте да споделувате лични или финансиски информации дури и ако сте блиски со примачот на пораката.

-Јавете се во компанијата доколку ви изгледа сомнително е-пораката. Често фишинг страниците го копираат целиот изглед на страниците за да изгледаат автентично и уверливо.

-Заштитете го вашиот уред со филтри за спам, анти-вирус и анти-шпионски софтвер. Секогаш правете ажурирања за да бидете сигурни дека го имате најсовремениот софтвер кој овозможува да ги блокирате новите вируси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *