Како изгледа паметниот пешачки премин на иднината?

7 ноември, 20170
Како изгледа паметниот пешачки премин на иднината?

Во Лондон беше тестиран прототип на футурустичката „зебра“ со променливи LED светла вградени на улицата наместо класичните боени бели ленти.

Паметниот пешачки премин, за кој неговите дизајнери тврдат дека е позабележителен од обичниот и дека ќе ја зголеми безбедоста на пешаците во сообраќајот, освен LED светлата користи и компјутер и камери, така што во реално време може да ја менува хоризонталната сигнализација на улицата, во зависност од тоа дали на преминот има пешак или не.

Технологијата може да препознава различни видови превозни средства, како велосипед, за кој се активира посебна светлосна сигнализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *