LG ќе го снабдува со батерии Apple iPhone следната година
31 јули, 20170
Иако речиси секојдневно добиваме информации за новата линија на iPhone модели кои се очекуваат за неколку месеци, се појавуваат веќе гласини за новиот iPhone модел за 2018 година. Според The Korea Economic Daily, LG ќе биде одговорен за ексклузивно снабдување на батерии на Apple iPhone следната година.
Во извештајот се наведува дека LG веќе значително инвестирал во потребните капацитети за производство на батеријата на iPhone, и планира производство од следната година. Батеријата ќе има L-облик, кој ќе му овозможи на Apple поголема батерија и дека тоа нема да влијае многу на величината на телефонот.